Пред  пеЧеснаес  години ме запишаа у школо, у прво одделение, и као сеа се сеќавам. Колку бев возбуден  (ваљда истото чувство го има и секое прваче), колку се мислев како да се понашам, кои ќе ми бидат другари, до кого да седнам, дали ќе ми се смеат другарите што не знам да играм фудбал, која ќе ми биде учителка, дали ќе биде стара, млада, со плава коса, со црна коса, дали ќе биде лоша, добра, дебела, слаба…па дали ќе има некој како мојот ранец, нели, мојот беше најубав итн.

И све тоа помина, тамо у ствари видов деца шо живеат тука у комшилук, па и не беше така страшно запознавањето. Иначе, учителката ми се падна стара комуњарка пред пензија. Тоа е од оние учителки што мојата генерација ваљда последна ги фати, што кубеа за зулуф, маваа воспитни, чврги, итн. Моите дома слободно можеа, место со Трајанка (комшивката од која се плашеше цело маало) да ме плашат со учителката од прво до четврто.

Завршив прво, научив да читам, пишувам, научив нешто малце бон-тон, го збогатив мојот вокабулар колку-толку…стигнав второ….па трето…четврто…и си се дружев со едно другарче. Тоа е она другарче што татко ми ми го најде во паркот кај лулашките, коа си го возев моето противпожарно возило на акумулатор, пошто мене ми беше срам сам да си барам другари. Па завршив и четврто, па си плачевме шо се делиме од вештерката, и пак почнуваа оние детски проблеми, истите као и у прво, само сеа малце поозбилни, во поодминат стадиум. “Која ќе ми биде класна“, “слушнав дека е лоша“,“ леле што ќе правиме“, курац-палац.

Тогаш отприлика е и оној период (за кого како), кога почнуваш да се дружиш и со останатиот дел од класот, а не само со тоа рандом другарче шо си го упознал на лулашки. Ако не си веќе, почнуваш да се дружиш и со тие “криминалците“ од одделение, што кршат прозори, што се тепаат, па почнуваш и ти да правиш такви работи…па првото вадење пред табла, јадење шамари од класната, укори, срамови…па фаќање девојчиња за гз, прва љубов, физика, хемија…

И така, проблемите се повеќе и повеќе се зголемуваат. Ако у прво си мислел кој ќе седи до тебе, у четврто веќе мислиш дали во петто ќе ти биде потешко, а у шесто мислиш како ќе учиш физика и хемија во седмо и осмо. И додека трепнеш………..веќе си осмо.  Па најстар си у школо, па курчење, прва цигара, прва чашка алкохол, прво опивање. И тука веќе имаш сериозен проблем шо ти остануе цел живот.  Два пороци. Цигари и алкохол. Тие шо не пропушија и шо не се пропија, го направија тоа 2-3 години покасно. Покасно ќе си умрат, паметно…

Леле…па иде средно школо…шо да упишеш, како, заебана работа. Па ти вршат притисок од дома, караници, нервози…и упишуваш. Пак нова средина. Пак исти курац. Нови луѓе, нови предмети, нови професори, потешко…први неоправдани, прва опомена пред исклучување… а шо се однесуе до пиењето, веќе си искусна пијаница, па почнуваш да пробуваш нови ствари (среќа што јас пробував само 3-4 години)….и све се тоа проблеми…ама некако слатки проблеми.

Факс. FuckS! Е ова е веќе сериозно. Ова е веќе иднина. Тука веќе немаш класна, учителка…тука е све на тебе. Полагаш, паѓаш, квадрираш, заебуваш, па не ти иде, па се пребацуваш на друг, па паузираш…па се разочаруваш, па една година пиеш, искачаш, праиш глупости. И додека трепнеш си напунил 23 години. И све се тоа слатки маки….

Па почнуваш да волонтираш негде, да работиш нешто паралелно со студиите, а меѓу другото имаш девојка и супер врска што супер ти оди и све супер. И у еден момент, се фаќаш као пазариш у “Веро„ со девојка ти, со количка, и онака занесени си глеате по рафтови, кечапи, мајонези, павлаки, марули, зелки, зденки, млеко, леб… и оп те начекуе другар, баш у тој момент и цинички ти се смее под брк ти вика: “Готов си ти брат…печен…хихии„.

И, друже, кога почнуваш со девојката да разглабаш ептен сериозни теми за во иднина од типот: Заеднички живот, брак…деца, а до пред 2 години једини проблем ти било у кој кафиЌ да се здрвиш, дали да се иде за викенд у „Македонска куќа„ или у „Златно грне„, па кај да се продужуе, дали у „Маракана„ или „Хавана„, тогаш сфаќаш како пролазе нервозним кораком године…

П.С. 1 Учителката од прво ја видов пред некој ден, коа купуев марули со девојка ми на Буњаковец.

П.С.2 Другарчето шо го запознав на љуљашки, сега е дипл. инг.

П.С 3 Тие “криминалците„ што почнав да се дружам со нив, се озбилни дечки, со сериозни планови за во иднина.

П.С 4 Класната од основно шо имаше најбоља цицка, сега има брчки околу цицки и е здртана.

П.С 5 Татко ми има 69 години.

П.С 6 Брат ми шо е помал од мене 8 години, упиша прво пред 10 години и веќе 5 години е активен мастурбатор, а и има пробано пиво.

П.С 7 Имам другари што се наставници во основно.

П.С 8 Испуштив да ти кажам за првото мастурбирање. Тоа ти е негде околу 4то, 5то одделение.

Поздрав,

Рамбо Две

Comments 5 Comments »

 

Не можам, а да не го спомнам и да не завземе барем мал дел од моево блог-катче местото каде што го поминувам поголемиот дел од своето не толку скапоцено време, со оглед на тоа што кога сум тука, го имам на претек.

На два-триес метри од  Дом на АРМ, спроти спомен куќата на Мајка Тереза, или пак одма до Кино Култура, се отвори едно пабче каде што од првиот ден се собираме, ние, стално шо си пашкаме¹…

Сеа размислувам, и некако не ми текнува дека претходно имавме некое место каде што можевме да поставиме камп на шанкот сабајле, и да си идеме попладне, коа му завршуе на другар ми смената. Тој е оној истиот Атила, што го иам спомнато во некои претходни постови, што си ја проба среќата во Соединетите Американски, Обединетите Арапски итаканатака. Сега е тука, работи, има девојка, среќен е. Све е под контрола.  Скромни сме ние дечки, не бараме многу.

Извини, другар, што ме почека малце, ми се испразни батеријава, па морав да го земам полначот.

Каде застанав….а, да…кажував дека не ми текнува дека претходно сме имале некое место, бла, бла….а сеа, додека го зимав полначот, ми текна дека имавме едно, тоа е она каде што работеше мојава будуча², тогаш потенцијална боља половина. Али од коа стана моја будуча, и од коа напушти тамо, некако не не носеше патот натака…дали поради овие причини, или некои други, не знам, а не е ни битно….како и да е, кратко бевме стационирани тамо.

Е ваму, друже, сум скоро од првиот ден. Кога немаше тераса надвор, кога седевме внатре и мирисаше на ново, кога немаше слики на зидот, кога ги дававме првите критики, позитивни и негативни, кога немаше лажичка за еспресо, а ни апарат. Кога немаше мутилица за нес, а ни нес, кога немаше лед, лимун итн.

Е тогаш, кога немаше еспресо, нес, лед и лимон, од сабајле почнав да пијам пиво. А фала богу, пивата ги има во изобилство уште од самиот почеток. Најразлични врсти. Темни, светли, јаки, слаби, со банана³, без банана, со вкус на цреша⁴, без вкус на цреша, од 80 денари, од 300 денари…(мала реклама)

Ние на почетокот, како замена за еспресо, почнавме да пиеме темно.“Еспресо во кригла„ го нарече господинот Алан Делон , што прапрапрапра дедо му, пред 500 години, ја товарел бабата на прапрапрапра баба ми, па заради тој негов прапрапрапра дедо денес на еден другар, кога дојде да седне на маса со мене, му реков: “Бујрум на кафе…„.

Е тамо, после неколку години, почнав пак да пијам и водка, а зашто сум ја прекинал, да не ти кажувам…нели, еврибади хес а водка стори….а и све што му штети на организмот, а мене ми прави да се осеќам убаво. Не дека сум алкохоличар…не дека и не сум, ама хедонист е некако поблага варијанта, и некако поише ми одговара.

Сега…после неколку месеци…има лажички, има еспресо, има и нес. Све има. Ама ние уште пиеме темно, водка и шток сабајле, попладне и навечер. Јеби га, “Навика је чудо, а шта ја теби причам о навици…“⁵

И сите овие работи, секој дел од нашиот живот, секоја минута помината на шанк, секое испиено пиво, секоја дешавка, сите убави поминати моменти, сакале или нејќеле, се испишуваат во нашиот мозок, и лека-полека, тој (мозокот) ги архивира, и аутоматски стануваат дел од нашето минато. А мозокот, друже, понекогаш заборава, па затоа, некад е добро сето тоа да го пренесеш на виртуелен папир како што јас направив сега…

 

Поздрав и до читање,
Рамбо Две

 

 

 

 

¹ Интерна изрека во моето друштво, за сите ние што сме секогаш заедно.

² Идна

³ Јужно жолто овошје што го јадат мајмуните, а понекогаш се злоупотребува како секс-играчка во филмовите за над 18.

₄ Овошје опеано во песна на Тоше Проески.

⁵ Реплика од серијата “Ќе се вратат Штрковите„

Comments 3 Comments »

Другарице и другови, дозвоЉте да Вам се обратим.

После дуге блог апстиненције, из оправданих разлога, враЌам се на блог сцену у стилу покојног Друга Тита.

Вака иде…

Стануем сабајле денес…и као и секое сабајле, ме чека кафе на тераса од мојата драга, пошо убаво времево сеа, иначе го пијам у дневна…Го пијам кафето, и како и обично шо станувам на лева нога, све нешо не ми е по ќеф, па и кафето…таков поспан, отечен, напнат, и мрчам дека не е нешо ок со кафето, и на пола од втората цигара трчам у ќенеф да го исфрлам цел вишак од мене. Додека идам накај ќенеф, махинално, у трк, го палам компјутерот, за да не го чекам после, пошо така напнат од сабајле највеќе мрзам “loading” и такви слични срања…

Ја пушам втората половина од втората цигара, и додека обавувам физиолошка потреба (голема нужда) или простачки кажано, додека кењам, набрзина листам штампа, а ако нема штампа, по кој знае кој пат го проучувам составот на прашокот за перење на сите 6 јазици.

Излегувам од ќенеф и палам фејсбук, мејл, он.нет, сите интернет изданија на пишани и тв медиуми што постојат у Македонија, и се информирам за сите дешавки од претходниот ден. Јадам, пак пушам…работам, пак пијам кафе, пијам сок, пушам, го допивам кафето, пак пушам, пушам….работам….чат-пат sиркам на фб шо се дешаа, и така се у круг.

Цел ден нешо ми е лев, а појма неам зашо. Се мотам низ дома као чакнат и не знам која е причината шо не сум као што треба. Искачам до град, пијам кафе со другарите, се враќам дома вечерам, ја палам задњата цигара, се спремам полека за спиење и коа оп, еден пријател на фејсбук ја ставил од Чолиќ „Добра вам ноќ, пријатељи„. Ејјјј да ти кажам што убаво ми дојде, ем шо ми посака добра ноќ, ем што сум сигурен дека и он ќе си легне. Му идам на профил, одамна му неам влезено, да видам шо се дешаа…кога, што ќе видам:

11:20 „Добро јутро, ово изнад нас је небо, зна да буде, кад је сунчан дан…„
11:40 “Што си у каву ставилаааа…„
15:35 “Петак на суботу, сви певају лудују…„
19:40 “Чик погоди шта имам за вечеру….„
01:45 „Night fever, night fever. We know how to do it. Gimme that night fever, night fever….„
01:46 „Последња цигарета пре спавања – Рибља Чорба„

…и по редоследот на песните, ја одма уконтав дека он у ствари ставал соодветна песна за све што праи преку целиот ден. Еј топ, си викам, па и ја од утре вака ќе праам, ем мене убаво ќе ми биде, ем на другите пошо ќе им посакувам и добро утро, и добра вечер,  и лаку ноќ….ем преку песна ќе ги обавестувам што правам, баш оригинално!

И братче, стануем сабајле, ми се уринира ми се плаче….седнувам на компјутер, го палам, го чекам и „loading”, замисли…. палам фејсбук, палам јутјуб, барам песна за уринирање….барам, барам….немааа….и не можам да уринирам. И не уринирам. Го држам така 3 саата, барам уште, па ме стегна серка…барам за серка песна, нема…И од страв да не ги разочарам пријателите, нит уринирав, нит кењав цел ден. И коа малце боље подразмислив, се решив додека не напраат песна за  голема и мала нужда, да не го практикувам ова.

А коа уште малце ПОбоље ќе подразмислам. Друже, дај бе заеби ме со сите твои песни за добро утро,  добра вечер, и за Велигден, јебо те Џокси…. ако не знаеш шо песна да стаиш, почекај до утре…ќе ти текне. Плус, глеаш дека нема за све песни…

Поздрав,

Рамбо Две

Comments 5 Comments »

И ете ме и мене, КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО. . .

Влагам после 4 месеци во мојата соба, КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО и скоро се е исто како претходно. Книгата што ја почнав пред 4 месеци и што ја оставив, сеуште стои на масичката покрај креветот. Црвен ѕид, кој ја симболизираше револуцијата што тогаш се случуваше во мене, која и сега се случува и се појави КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО, но со многу послаб интензитет и стремеж да се појача. Пајажина во ќошот над прозорот, и…пајажина на моите чувства кои тогаш ги имав за една особа и исто така исчезнаа КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО. Пајажината над прозорот ја тргнав, од хигиенски причини, а пајажината на моите стари чувства, свесно ќе ја оставам да ги оддели старите чувства од новите…

После 4 месеци скоро секојдневни сеанси со моите пријатели, залиени со огромна количина бело вино, инспирирани од заедничките љубовни проблеми, што, нормално како и секоја љубов и љубовен проблем се појавиле КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО, престојот во Скопје го заокружив на најубав начин, сосем неочекувано убаво…и се вратив полусреќен, од оптимистичка гледна точка, односно полутажен, од песимистичка.

Ипак, влегов насмеан…таков сум последниве два дена…и, КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО, на вратата се појави моето домашно милениче (куче), кое исто така го неам видено 4 месеци, а бидејќи навистина го сметам за најдобар пријател, инстиктивно ја прескокнав баба ми, која толку се израдува на мојата неочекувана “КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО„ посета, со цел да се поздравам со моето милениче (куче). . .

Помина покрај мене со трчање, као покрај турски гробишта, и се фрли кај брат ми, кого го нема видено два дена . . . За се има прв пат. До сега не сум бил избегаван од било каков вид животно. Но, многу работи во животот доаѓаат и си одат КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО, исто као што се појави една нова личност во мојот живот, КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО.

И ете, КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО и дојде и крајот на причава и логично е покрај толку форсираната изрека во постов постот да добие наслов „КАО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО“.

Comments 5 Comments »

Лежам и размислувам. Утре патувам. Патувам во градот каде што го поминав целото мое детство, каде што ми се случи првата детска љубов, првото љубовно разочарување, каде што ги запознав другарите со кои што и ден денес се дружам, каде што за прв пат осетив среќа, радост, болка, тага, прв пат пробав алкохол, почнав да пушам, таму и се откажав и пак почнав…во градот кој го сакам највеќе од сите градови во светот.

Прв пат во овие 3 години, чувствувам одбивност према тој град. И нејќам да одам. Прв пат одам, затоа што морам, а не затоа што сакам. Не можам да дефинирам како се осеќам во овој момент и зашто имам одбивност кон градот во кој сум пораснал и кој ми ги пружил сите пропратни и неизбежни етапи во животот кои ги спомнав погоре.

Можеби и ја сум крив и осеќам грижа на совест, па барам кривец кој ќе ја сноси целата одговорност, а нема да биде живо суштество. Најверојатно е така. Осеќам како нагло ми се променува карактерот, и веќе пробувам да направам нешто во животот што ќе остави некаков белег на мене и на луѓето кои ме опкружуваат, и ќе направи веќе да не се чувствувам како паразит во ова општество.

Пред 2-3 години истиов период, на 15 април бев пресреќен што одам во Скопје, што поради роденденот на една од моите најдраги и најдобри другарки, што поради….

Знам, ова е само почеток, и иако во моментов ми се мотаат многу прашања во главата, ќе го оставам само вака…на почеток…можеби е така подобро. Почетокот не е секогаш почеток на нешто убаво, знам…но крајот е секогаш крај.

Comments 12 Comments »